Кога ќе се најадам леб, тогај ќе пијам вино!

by urednik 18.11.2009 09:03:00
Бомбардирани сме последниве 3 години од страна на Владата на чие чело е Никола Груевски со реклами и кампањи за успешните реформи кои ги спроведува Владата. Груевски дури и се (само)прогласи за најголемиот реформатор во историјата на Македонија и спасител на македонската економија.
Единствено нешто што “успеа” да реформира е начинот на кој владата ги користи народните пари за партиски интереси на ВМРО ДПМНЕ, трошејќи го буџетот на скапи реклами лажејќи го народот дека се е во ред, дека рози ни цветаат и дека Македонија за време на неговиот мандат е една успешна приказна. Небаре Македонија е една од “Азиските Тигри”.
Нити сме тигар, ниту сме во Азија. Додуша со целата антиквизација, преименувањата, Хунзите и спомениците за Александар Македонски, можеби и планира да не премести таму. Но додека не се случи тоа, ние треба сеуште да го голтаме и џвакаме тоа што власта ни го сервира. Но што и да имаме за јадење, односно што и да голтаме, доаѓа моментот кога треба да се соочиме со фактот дека сме прејадени и дека веќе е доста. Колку и да било тоа навидум слатко и убаво, моментот кога се соочуваме со фактите порано или подоцна доаѓа. А фактите се дека во Македонија не е ништо во ред. Само во последнава година, според Државниот завод за статистика има нови 30.000 невработени. Исто така факт е дека во Македонија не цветаат рози, напротив, бројот на сиромашни граѓани на Република Македонија е на највисоко ниво досега. Граѓаните се помалку гледаат надеж за себе и за своите најблиски. Сиромаштијата го урива и тоа малку достоинство кое го имаат и до кое се држат.
Индустриското производство како што јавуваат медиумите паѓа од месец во месец, фабриките секојдневно закачуваат списоци пред своите врати, со отпуштени работници и работници пратени на принуден одмор. Текстилната индустрија е во тотален колапс. Сточарите и земјоделците секојдневно блокираат патишта незадоволни од состојбата во која се наоѓаат. Кој ни останува задоволен? Дел од државната администрација? Па секако еден дел е задоволна. Во трите последни извештаи на Европската Комисија се посочува дека администрација е се повеќе партизирана. Предупредуваат да не се делат работни места според партиска книшка, да не се даваат функции на лица без квалитет и професионалност. Токму спротивното се случува. Груевски, го вработува партиското членство од патарините низ државава, па се до директори во одбори во најголемите државни компании. И ги плаќа со наши, народни пари. Тоа го прави, зашто знае дека Македонија не е баш успешна приказна во последниве три години, гледа дека го губи рејтингот и народот се помалку верува на неговите лаги. Груевски со партизација на администрацијата, пробува да го дисциплинира своето членство и да ги држи на кратки узди.
И покрај сето ова Никола Груевски без мува да го лази се расфрла со народни пари, за мачки, шмизли, букефали.
Како што кажа еден млекар на протести пред владата: “Ќе градиме сали? Ќе градиме споменици? Никој не е против тоа! Кога ќе се најадам леб, тогај ќе пијам вино!” Поточни зборови за Груевски, не биле кажани до сега.

Бидете прв кој го оценил овој текст

  • Currently 0/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Поврзани коментари

Коментари

Додади коментар


 

  Country flag

[b][/b] - [i][/i] - [u][/u]- [quote][/quote]





Преглед во живо

06.02.2012 07:09:13

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  февруари 2012  >>
повтсрчепесане
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728291234
567891011

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML