Еве ја ситуацијата - 90% од населението е на работ на егзистенцијален колапс. Ако порано се говореше дека едвај се врзува крај со крај т.е. дека едвај се преживува од 1-ви до 1-ви, денес едниот крај само што се појавил другиот се скинал веќе на 15-ти го нема. Ако до 15-от ден од месецот се преживува, ако некако се покријат сметките и се плати ратата од кредит тоа е успех , од 15-ти до 1-ви веќе тоа не се опишува со зборови тоа само се одживува да не речам се умира. И се така веќе еден подолг период и последниве месеци сите примања веќе уште пред да стигнат на сметка веќе се потрошени.
Се пронајдовте ли? Или подобро кажано се пронајдовме ли во овие неколку реченици? Oва е опис на нашето секојдневие, македонското секојдневие.
Кога утре сите овие 90% од населението, кои се заложници на оваа ситуација вештачки создадена од една Внатрешно македонска контранародна не демократска инсталација, би требало да одлучат дали се задоволни или не од целата ситуација? Дури една третина повторно би рекле дека се задоволни.
Па добро луѓе КОЛКУ ЈАКИ СЕДАТИВИ ВИ ДАВААТ? Како делуваат тие седативи на вашата потреба за храна кога ја немате? На кој начин тие ве смируваат кога вашите деца не можете да ги испратите на училиште затоа што немате пари? Како ги контролирате вашите емоции кога вашите деца се враќаат дома под дејство на алкохол и дрога благодарение на системот кој пропаѓа? Како заспивате со помислата дека секој нареден ден можеби ќе ве посетат извршители и ќе ви одземат се за што со години сте работеле. Или пак на се ова заборавате кога ќе ви текне дека „чуварите” на името со милиони денари наши пари потрошени на споменици и бисти фонтани и градски плажи, триумфални порти и ѕидини ќе не чуваат и изолираат од Европа?
“Националистот е примитивна, заостаната, незрела, човечки сеуште необликувана, во себе сеуште неоплеменета, неизградена внатрешно шуплива психа и егзистенција.”-Милан Кангра. Жално и трагично за нашето секојдневие е тоа што таа шуплина сега сака да не исполни сите нас и да исполни се и нај трагично е што се прогласува за СЕ’.
Јас можеби нема да можам да ја иронизирам целава оваа состојба во целост, како што може во моментов да се иронизира македонската реалност самата себе.
За тоа кој во моментов ја води и нашата држава и Внатрешно македонската контранародна инсталација или организација најдобар показател е последниот конгрес на организацијата одржан неодамна во Битола преку отсликување на реалноста монструозно покажување на сила и моќ на сите можни полиња или поблаго кажано за онаа една третина поддржувачи да не се исплаши - кога кај нас владее “Колера” тие ни покажуваат „Љубов”.
Никола Трајковски, СДММ Битола