Отворено писмо на граѓанската иницијатива „Студентски права“

by urednik 03.03.2010 07:43:00

Со ова отворено писмо ги повикуваме сите медиуми, граѓански активисти, невладини организации, политички партии и претставници на Европската унија да обрнат внимание и да се заложат за итно решавање на еден сериозен проблем пред кој се исправени голем број на студенти во Република Македонија.
 
Како што е добро познато, и покрај декларативните заложби и многубројните медиумски кампањи со кои Владата на Република Македонија испраќаше порака дека „знаењето е сила, знаењето е моќ“, Министерството за образование и наука во учебната 2008/2009 година ги остави постдипломците без стипендии. И покрај протестите на студентите, овој проблем се пренебрегнуваше од страна на институциите на системот во продолжение на повеќе од една година.
 
На 15 февруари 2010 е објавен конкурс на Министерството за образование и наука за доделување на стипендии за постдипломци, но сега сме исправени пред нов уште посериозен проблем и предизвик! Имено, конкурсот на Министерството не ги опфаќа постдипломците кои се запишале во учебната 2008/2009 година. На таков начин, тие повторно ќе бидат оставени без стипендии!
 
За нас ова е фрапантен и скандалозен факт, бидејќи со ваквите двојни стандарди и нееднаков третман, по еден најгруб начин се прекршува член 9 од Уставот на Република Македонија, кој ја гарантира рамноправноста и еднаквоста на сите граѓани пред законот. Со ваквиот скандалозен конкурс, Владата го прекршува и член 47 од Уставот на Република Македонија, според кој државата го поттикнува, помага и штити развојот на науката. Според член 51 од Уставот на Република Македонија, сите, па дури и премиерот и министрите, се должни да ги почитуваат Уставот и законите.
 
Според член 50 од Уставот на Република Македонија, секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и Уставниот суд на Република Македонија. Заради тоа, ние, студентите, верувајќи во правичноста на судскиот систем, бараме од Уставниот суд да го поништи овој конкурс, а Министерот за образование и наука да си поднесе оставка, бидејќи тој очигледно нема капацитет да управува со сложените процеси во образовниот сектор. На Владата пак и препорачуваме да оддели повеќе пари за научни проекти и развој на лаборатории, наместо да троши буџетски пари за оваа безумна антиквизација, за која ни се смее целиот цивилизиран свет и која е основна пречка за наша интеграција во ЕУ и НАТО.
 
Испратено до:
 
Институции: Влада, Министерство за образование и наука, Собрание, Уставен суд на Република Македонија, Собраниска комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Ректор и Студентски правобранител на Универзитетот Св. Кирил и Методиј;
 
Политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ, ЛДП, ВМРО-НП, ДПА, Нова Демократија;
 
Медиуми: Инпрес, Кирилица, А1, Канал 5, Алфа ТВ, Телма, Алсат-М, Канал 77, Сител, Вечер, Макфакс, Нетпрес, МИА, Дневник, Утрински весник, Време, Фокус, Шпиц, Вест, Нова Македонија, Форум, Лајм, Факти, Еврозум;
 
Претставници на ЕУ: г-н Ерван Фуере;
 
Организации: Хелсиншки комитет за човекови права, Институт Отворено општество, голем број на граѓански активисти и блогери.
 
http://studentski-prava.blogspot.com/

 

 

НАПОМЕНА: АВТОР НА ПИСМОТО Е ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „СТУДЕНТСКИ ПРАВА“ И ИСТОТО Е ОБЈАВЕНО СО НИВНА СОГЛАСНОСТ

Тековно оценет 4.5 од 14 посетители

  • Currently 4,5/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Поврзани коментари

Коментари

03.03.2010 20:42:25

Потполна и целосна поддршка! Студентите веке долго се заспани,и мора да го кренат гласот против се што се случува во оваа држава а е погрешно,но најмногу за неправдите кон нив самите! За изземањето на постдипломците од стипендиите,за доцнењата на ранг листите за кредити и стипендии,за непочитувањето на одлуката за ваучерите за апсолвентите,за партизација на Студентскиот сојуз,за партизација и притисоци во студентските домови... ова е само дел! Студентите мора да бидат играчи во процесите,а не публика!

Б.С студент

05.03.2010 17:28:18

se soglsuvam so gorenavedenoto!!!studentite treba da se borat za svoite prava,a ministerstvoto za obrazovane i nauka veke ne e za komentiranje!!!!studentite mora da bidat poaktivni ako sakaat da uspeat!!!podrska za niv!!!!

dimitar

Додади коментар


 

  Country flag

[b][/b] - [i][/i] - [u][/u]- [quote][/quote]





Преглед во живо

06.02.2012 06:34:44

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  февруари 2012  >>
повтсрчепесане
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728291234
567891011

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML