by urednik
10.05.2010 08:19:00
Да се потсетиме, во1998 година на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ, во чија влада беше и актуелниот премиер Никола Груевски. Република Македонија на економски план почна да тоне, безбедносната состојба почна да се нарушува особено на меѓуетнички план, тогаш владата секојдневно преку медиумите не' убедуваше дека економската состојба е добра, но исто така дека и безбедносната состојба е стабилна, а меѓуетничките односи се “релаксирани” како никогаш до тогаш.
За жал, во 2001 година толку релаксираните меѓуетнички односи кулминираа во воен конфликт. Се разбира и за тоа „имаа“ одговор, конфликтот наводно бил увезен од странство со поддршка на тогашната опозиција. Чудно зар не!
Сега истата таа влада не убедува дека економската состојба е добра, но малку влијаела и светската економска криза, додека безбедносната состојба замислете не е релаксирана туку според нив била ПОД КОНТРОЛА. Повторно преку медиумите владата има одговор, виновна е опозицијата (кој друг?!) се разбира и странски служби.
НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ 2001, Оваа влада што поскоро да си замине!
Автор: Јана
Тековно оценет 4.6 од 18 посетители
- Currently 4,555556/5 Stars.
- 1
- 2
- 3
- 4
- 5
Tags: