Плачот на лозарите

by urednik 14.10.2010 11:27:00

Се повтори ланското сценарио за проблемот со бербата и откупот на грозјето во Тиквешијата. Како и лани така и оваа година министрите од Власта ќе ги соберат лозарите, винариите и ќе се договорат усно а писмено никако и ќе им ветуваат на лозарите дека грозјето ќе биде платено по добри цени но од утре тие договорени сцени не важат и ете ти ги маките, плачот и лелекот на лозарите.
 
Зарем е не е срамота оваа Влада да се изживува врз маките и страдањата на лозарите ни со прст да мрдне да им помогне и да им ги реши проблемите.

Лозарите се оставени на милост и немилост сами на себе без подршка од владата. Откупните цени на грозјето во најголем случај се од 4 до 6 денари. Грозјето се скапува по нивите, лозарите плачат и берат, маките не им се гледаат, излегуваат пред телевизиите, но владата е нема не го слуша нивниот плач, ги излага и молчи и не презема ништо да им го плати неоткупеното грозје.

Да беа лавови одма ќе ги купеа и ќе ги сместеа на некој плоштад.

Со ваквиот однос владата го урива лозарството односно еден регион од кој живеат десетици илјади семејства. Од една страна поттикнува лозови насади со субвенции а од друга страна не прави ништо за пласманот на грозјето и виното.

Владата ако сака може да им помогне на лозарите и има инструменти тоа да го направи, но поважни и се спомениците и музеите.

За да може да им помогне на лозарите пред бербата и откупот на грозјето власта требаше да ги преземе следните мерки:

- При донесувањето на Законот за вино требаше да утврди гарантирана цена на грозјето;

- Преку економските промотори кој ги плаќа во странство требаше да се промовира нашето грозје и вино на странските пазари;

- Требаше владата да пушти да има извоз на грозје или пак како шира да се пласира во соседните земји;

- Преку кредитни линии да им се помогнеше на винариите или индиректно на лозарите да им се исплатеше грозјето на истите;

- Можеше државата да изврши откуп на грозјето и да го стави државните резерви да се направи дестилат и да им го платеше истото на лозарите;

- Да се исплатеа средствата од буџетот за грозјето од ланската година и овогодишната реколта;

- Разликата во цена помеѓу референтната цена што ја бараат лозарите и винариите да ја исплати владата и да го откупи вишокот на грозје.
 
За да не одумира една гранка односно лозарството од која живеат многу семејства во Државата, ако владата не се сакаше да ја преземе одговорноста или вината можеше да го постави тоа прашање пред Парламентот и да сите пратеници расправаат и сите подеднакво да ја поделеа одговорноста и да им го решеа прашањето на лозарите.

Но и тоа како влада не го направи и затоа има одговорност за лошата економска состојба што го снајде лозарството и неговата иднина.

Имаше некои протести на лозарите преку “Аготиквешија” но тие беа фингирани заедно со владата и не вродија со плод и каде се тие протести сега да продолжат, од што се исплашени кутрите лозари или и тие кренаа раце од сиромаштијата која не може да ја реши владата па камо ли тие.
 
Нешто чудно се случува со лозарството во Тиквешијата дури и експертите не можат да го решат ниту да го анализираат.

Изгледа на оваа влада и се погоди овој мирен народ и дури на лотарија не можеше да го добие ваков тивок а осиромашен.
 
Што магија направи оваа влада врз нашиот лозар од Кавадарци оти кога плачи и кога солзи рони сиромавиот се врти назад да не го стигне камшикот од власта.

Лозарството во Тиквешијата, а посебно во Кавадарци, полека одумира, лозарите ќе ги копачат лозјата, градот е исфрлен од колосек и застрашувачки осиромашуваат граѓаните, економијата умира и сето тоа заради негрижа на власта која не сакаше да го чуе плачот на обичниот лозар кој моли за помош.
 
Велат надежта последна умира, но овде се работи за болна надеж проследена со болки и страдања за идните генерации.

Бранко Шемов, член на ЦО

Тековно оценет 3.4 од 16 посетители

  • Currently 3,375001/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags: , , , , , , , ,

Поврзани коментари

Коментари

Додади коментар


 

  Country flag

[b][/b] - [i][/i] - [u][/u]- [quote][/quote]





Преглед во живо

17.05.2012 21:04:51

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  мај 2012  >>
повтсрчепесане
30123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031123
45678910

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML