Придавка која одзема

by urednik 12.11.2010 08:05:00

Печатот во Македонија денес осамна со натписи за спорната придавка "македонски" во извештаите од Брисел. Наводно употребата на придавката за јазикот престанува со користење некаде во 2006. Како вработена во една од мониторинг ЕУ канцелариите во Македонија од почетокот на 2001 година па до крајот на 2008, можам слободно да ги демантирам тврдењата на сите оние кои всушност ни одалеку незнаат како се одвиваше целокупната кореспонденција на релација ЕУ и  Амбасадите на државите членки на ЕУ акредитирани во Македонија.

Имено, во 2001, година во која во Македонија царуваше лудило наместо разум и година која остана запечатена како мит преполн со неразјанети прашања од типот што всушност ја снајде Македонија, криза, војна или агресија, јас почнав со работа во канцеларијата на ЕУ со задача симултано и консекутивно да преведувам од Англиски на Македонски јазик и обратно, како во пишана, така и во усмена форма. Мониторите на ЕУ кои доаѓаа од сите страни на Европа, навидум пријателски расположени кон своите локално вработени луѓе, уште на првата средба јасно ни дадоа до знаење дека државата е заглавена во т.н ќор сокак со името и дека мониторите кои доаѓаат од Грција мора да останат поштедени од нас локалците, односно, во блага форма ни беше забрането Грците а наши надредени, да ги запрашуваме како ќе се реши актуелниот спор за името. Нормално, водени од начелото наречено гостопримство, солидарност и тимска работа, Грците ни станаа забранета зона за дискусија за сочните политички и никогаш непресушни теми. Но, тука не заврши вербалната забрана упатена од шефот на ЕУ во Македонија. Преведувајќи, приметив дека Грците поцрвенуваат секогаш кога низ мојот превод се провејуваше зборот Republic of Macedonia, Macedonian language, Macedonians. Не паѓаа на прва, но, секогаш по завршување на состаноците наидував на револт изразен со ладни погледи, мафтање со листови од напишани извештаи и одбивање на секаква комуникација. По прегледот на првиот извештај, сфатив дека ние ниту сме Republic of Macedonia туку сме fYROM, ниту сме Македонци туку сме Slav Macedonians, ниту нашиот јазик е Macedonian туку е local language. Албанците во извештаите беа наречени Ethnic Albanians, а Србите Ethnic Serbs. Раселените лица беа наречени IDPs  и секогаш кога во извештајот ќе се споменеше име на соговорникот, што всушност беше императив, редоследот одеше вака: Petar Petrovski ( s/M) representative of fYROM Ministry of defense. Неколкуте обиди на еден Ирец во извештаите да вметне Republic of Macedonia, наиде на протесна нота упатена од  Амбасадата на Република Грција во Скопје и едноставно заврши со очекувано крваво задушување на бунтот. Ирецот, погоден од сопствената државна неправда во Северна Ирска, сакаше на секој можен начин своето мислење да го спроведе на дело, но напразно. Грција во ЕУ според статистиките на ЕУ е најкорумпираната држава после Бугарија и Романија, но за живо чудо, доста моќна да каже дека во извештаите на ЕУ или ќе пишува fYROM или таа ќе се повлече од сите мисии на ЕУ во РМ.

Од 2001 па се до 2008 кога и официјално заврши мојот ангажман, Македонија ниту еднаш не беше наречена Republic of Macedonia, ниту ние Македонци, а ниту пак јазикот беше наречен Македонски. Во прилог на моето излагање, можам на сите оние кои сакаат да го побијат моето тврдење, да им приложам само еден извештај, со што се погоре кажано ќе им биде јасно како ден. И нека власта не се чуди, демек се нашла затечена од ускратеното право за користење на придавката македонски. Власта, односно Владата предводена од Господинот Груевски знае дека од оваа ситуација со името, излез едноставно нема. Се ќе заврши со прифаќање на ултиматумот или-или. Свртување на вниманието на македонската јавност со тотално тривијални реформи, станува посебна ВМРО доктрина. Не треба да се биде член на опозициона партија за да се дојде до сознание дека Македонија станува се полошо и полошо место за живеење. Во прилог на изнесеното, само ќе додадам дека кампањата на Ludwig Boltzman Institute во РМ моментално спроведува проект наречен “ Mрежа за борба против сиромаштијата” , во која пропагандна кампања јасно нагласува дека секој трет жител во Македонија води крпен живот, а истата кампања е подржана од нашето Министерството за труд и социјална политика. Со тоа власта само си става потпис и признание дека во Македонија се живее под секакви човечки стандарди и дека за актуелната ситуација, вината и излез од истата ќе ја бараме на вратата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сандра Томовска

Тековно оценет 4.3 од 23 посетители

  • Currently 4,26087/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Поврзани коментари

Коментари

Додади коментар


 

  Country flag

[b][/b] - [i][/i] - [u][/u]- [quote][/quote]





Преглед во живо

17.05.2012 21:07:14

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  мај 2012  >>
повтсрчепесане
30123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031123
45678910

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML