Работете, не свирете по улици!

by urednik 14.12.2009 11:09:00

Испровоциран од навидум неорганизираните свирења од автомобили низ центарот на Скопје, а по повод укинувањето на визите за граѓаните на Македонија, Србија и на Црна Гора, „спонтано“ таму се појавил и премиерот, кој по повеќе од три години владеење веќе требаше да научи како на државно, а не на партиско ниво се прославува одреден национален успех или достигнување.

Изминативе 18 месеци од сите страни - дома, но и од странство до Владата и до нас граѓаните допира една порака: најдете компромис за спорот и решете го проблемот за името меѓу Грција и Македонија. И таа порака се повторува постојано. Последниов месец ни се повторува секој ден и тоа по неколку пати.

Работете на решавање на спорот до 7 декември! Не чекајте Грција да иницира решавање, туку тоа сторете го вие во Македонија зашто токму ние Македонците сме тие коишто сакаме посветла иднина. Токму нашата земја и нејзините граѓани имаме огромна потреба да станеме рамноправна членка на ЕУ и на НАТО! На Грција и е сеедно, велат нашите пријатели зашто таа е веќе децениска членка во овие меѓународни организации, а нејзините граѓани ги ползуваат сите придобивки од грчкото членство во Унијата. Користат европски фондови, нејзините граѓани можат слободна да работат и рамноправно да студираат во која било друга земја што е членка на ЕУ, немаат никакви пречки во трговијата и во стопанството воопшто.

Тоа се пораките до Владата од нашите пријатели однадвор. Дома, во внатрешната политика го имаме следното: ДУИ и партиите на помалите етнички заедници како коалициски партнери јавно го повикуваат премиерот да најде решение за спорот. СДСМ, но и Нова демократија, ДПА и другите помали партии јасно порачуваат дека Груевски ја има целата нивна поддршка за да истапи, да преговара до решение и конечно да ја внесе Македонија каде што припаѓа - во Европската унија и во НАТО.

Што е заклучокот од сето ова? Математички излегува дека сите партии дома, но и сите пријатели од САД, ЕУ и од НАТО даваат поддршка и се ставаат на располагање на Владата за таа да седне и да постигне компромис, кој ќе значи почнување на преговори со ЕУ и во исто време членство во НАТО. Сите, освен премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Што прави тој заедно со своите најблиски во партијата? Се среќаваат со грчките претставници и само се сликаат со камерите и со фотоапаратите.
А, да, и свират по улиците во знак на поддршка на ослободувањето на визите за туризам. Значи свират, но забораваат дека тоа е одлука, исто така, на ЕУ, а не на нашата Влада. Кога ни ја соопштија оваа вест, европските претставници, а посебно Солана, Рен и Билт од Скопје и Брисел јасно порачаа дека ова е чекор кој ќе ја стимулира власта кај нас да најде решение за спорот за името. Треба да бидеме доблесни и да се потсетиме на тоа!

И пак ќе прашам: што прави премиерот и неговата партија? Свиркаат со автомобили по улиците во центарот на Скопје. Од мојата маленкост, само како граѓанин на Република Македонија ви го давам следниот совет: Автомобилски свирки се случуваат после битни победи по спортски натпревари! Овие свирки лесно можат да се трансформираат во сирени пред Владата и од маса луѓе кои на плоштадот ќе извикнуваат: „Сакаме иднина! Не балканско минато!“.

 

Дејан Краљевски

Поврзани коментари

Коментари

18.12.2009 07:35:52

сврките се само редупредување за тоа што ќе следи!

vesna

18.12.2009 07:56:10

Не ни очекувам да се смени ситуацијата додека се ВМРО на власт . Сите птици знаат дека на Груевски не му е до ЕУ , не сака он него Европа да го ограничува , човекот е задоволен со владеење во затворен простор . Мене визната либерализација ништо не ми значи , немам каде да одам во оваа безпарица

Живкица

14.04.2010 07:57:41

Факт е дека Груевски игра игра и тоа на сметка на иднината на народот на оваа држава. Ако сака да го зачува името на државата треба јасно да им каже на луѓето и на македонците и на европејците јас името на државата не го менувам, а не да глуми лудило пред нас да изигрува патриот,а пред странците да си игра преговори тогаш ке биде полесно барем ќе знаеме на што сме сами ќе си бараме чаре за ситуацијата во која се наоѓаме.

valerija

Додади коментар


 

  Country flag

[b][/b] - [i][/i] - [u][/u]- [quote][/quote]





Преглед во живо

06.02.2012 07:04:02

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by SDSM

Календар

<<  февруари 2012  >>
повтсрчепесане
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728291234
567891011

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

Најнови текстови

Најнови коментари

Клучни зборови

Категории

None


Download OPML file OPML