Е сега, одма да видиме зошто “бичим”.
Е па вака:
И Македонец и Вевчанец се пишуваат со голема буква.
И Македонија и Вевчани имаат портокалови шефови.
И Македонија и Вевчани би имале поинакви шефови.
И Македонија и Вевчани ќе имаат поинакви шефови.
Конечно,и главниот град на Македонија доби плажа на Вардар, и Вевчани ќе добие плажа на ново, гланц ново езеро.
Каменот до кој ќе “никне” езеро се вика Јанков.
Бидејќи глупаво е сред езеро да има шума, таа логично е да се исече.
И се исече, од неа излегоа многу дрва. Тие се продаваат, ама никој не знае кому, поточно по колку. Луѓето велат по николку.
Поефтино здравје.
Се наплаќаат ли стари долгови?
Се зема ли некаква провизија?
Ако не се зема, колкава е таа?
Ако не се зема, кој ја зема?
Зарем е тоа важно?
Важно е дека главниот град на Македонија доби Коцекабана, а Вевчани Фацекабана.