by urednik
25.02.2010 10:19:00
Соочувањето со реалноста и не е секогаш така лесна работа, посебно кога реалноста е доволно лоша, да не одведе до степен да си помислиме дека сме во сред кошмарен сон и дека туку што не сме се разбудиле. А кога ќе размислиме подобро, целокупната македонска економска, социјална и политичка ситуација многу потсетува на кошмарен сон од кој Владата никако да се разбуди. Плачот на стечајците, млекарите, јаболкарите и многу други станува се погласен, преродбата проголжува и ништо на подобро не се менува, ама не е ни као што беше. Многу полошо е. Ни претставуваат преку ТВ екраните некаква розева виртуелна реалност и тоа така стокмено делува многу добро, ама тлевизорот има и копче за ислучување кое најчесто го притескаме пред легнување. И тогаш имаме време да помислиме „Уште колку пари ни останаа до крајот на месецот?“, „Ќе имаме ли утре барем за лепче?“, „До кога вака?“...
Стечајците, млекарите и земјоделците беа сослушани, за жал не од премиерот, ама за среќа некој сепак ги сослуша. Лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, наспроти очекувањата на некои злонамерни умови, зачекори меѓу обичните луѓе и ги ислуша тажните приказни за нивните судбини. Тоа се вистински приказни за суровата реалност која е многу погрозна од онаа во која не тераат да веруваме преку малите ТВ екрани. Црвенковски ги сослуша, а убеден сум дека и понатаму ќе продолжи да ги слуша, но и преку Собранието да предлага решенија за нивните проблеми. За да можеш да решаваш проблеми треба да слушнеш за нив, да слушнеш за тие човечи судбини и да ги проучиш внимателно. ВМРО ДПМНЕ докажа дека многу повеќе создава пролеми, отколку што ги решава. Многу провеќе продава евтини приказни за до сега „невидениот успех за една македонска влада“, отколу што работи на подобрување на се што не беше доволно добро во оваа држава. И фактите на терен тоа јасно го кажуваат.
Перверзијата да биде поголема, наместо да ги засукаат ракавите и конечно да почнат да работат нешто конкретно, тие обинуваат преку небулозни прес конференциии и очајно смешни соопштенија дека срамота било Црвенковски да разговара со овие категории на луѓе, затоа што наводно тој ги донел до ова дереџе. Дури и да се во право, а секој знае дека Груевски не можат да се амнестира од својата вина - овие луѓе во власта на ВМРО ДПМНЕ имаат добиено доверба од граѓаните, односно мандат да ги решаваат проблемите со кои сите граѓани се соочуваат.
Нема да им ги решите проблемите на луѓето со тоа што ќе ја префрлате вината на опозицијата. Па, зарем заборавате дека веќе цел мандат или четири години сте на власт во Македонија.
Ајде да се вратиме на посетите. Како што можевме да видиме на една од телевизиите, на овие средби со Црвенковски, еден жител на с. Лажани директно му се обрати со зборовите „и сами знаете дека во ваше време житото никогаш не паднало под 12 денари, сега падна на 6“. Ова е реалноста во која живееме господине Груевски, а не онаа 3Д анимација за изгледот на центарот на Скопје во 2014 година. Залудни Ви се препукувањата, кога на теренот граѓаните јасно и гласно порачуваат дека за лошата и тешка економска состојба во која се наоѓаат виновни сте директно вие премиере и Вашата партија, ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ повторно си го заслужи местото на лидер на опозицијата која треба да застане пред оваа излажана група на граѓани и да им понуди заштита и решенија за нивните проблеми. Бидејќи омилено хоби на премиерот му е играње со демократското право на избор минимум еднаш годишно, редно е неговата играчка да стане повозбудлива.
Оваа игра не смее да продолжи да биде игра во која тој секогаш победува, а обичниот човек секогаш губи. Оваа игра не смее да се претвори во игра во која тој секогаш ќе ветува, а некој друг секогаш ќе биде излажананата страна. Оваа игра мора да престане да постои. Зборуваме за човечки судбини со кои никој нема право да си игра, а најмалку Груевски. Ако му е толкав капацитетот, доста му беше. Во државата постојат луѓе кои можат и знаат да направат сé што овој човек не може, не знае или можеби и не сака да направи за Македонија. Проверено!
Тековно оценет 4.6 од 14 посетители
- Currently 4,642857/5 Stars.
- 1
- 2
- 3
- 4
- 5
Tags: