Слушнав денес,некој лизнал таму кај што плукнал.
Ослободени се од притвор двајцата браќа и нивниот татко Илиевски.
На некој Никола, нешто чудно му се случува. Тој затвора, тој отвора. Небаре флаши се луѓево. А зошто беше затворен Душко Илиевски.
Затоа што беше и говореше на величенствениот митинг на СДСМ.
Ете заради тоа!
Се друго е -Мижи Асан да ти баам.
Еден мој пријател вели:-Не ми е криво што ме лажиш,туку ми е криво што мислиш дека ти верувам.
Токму така мислам дека мисли и погореспомнатиот Никола. Ама тој си е тој,народот си е народ. И тој народ знае дека нашата демократија се наоѓа во притвор. Денес демократијата се вика Душко, а утре ќе го носи сечие име.
Драги,властодршци,ова е лесно како два и два,за народот.
Тој едноставно не ви верува,ниту за Душко,ниту за брат му,ниту за татко му,ниту за ништо.
Скромната куќа на Илиевци ја видовме на ТВ.Таа беше со светлосни години далеку од куќа на на нарко-бос.
А,се сеќавате ли како плачеа сопругата и мајката на Душко.Знаете зошто?Силно ги болеше неправдата.
Е токму нејзе,неправдата ние ќе ја ставиме во притвор.
Н А С К О Р О !