Актуелен е безвизниот режим кој го доби Македонија, во пакет со Србија и Црна гора и на кој сите се радуваме. Но, дали тоа е успех на само Груевски? Не смее да се занемарат сите активности кои беа спроведени во времето на Владата на СДСМ, како и добивањето на статус на земја - кандидат за членство во ЕУ, но и сите реформи коисе направени во сферата на безбедноста и исполнувањето на критериумите за членство во НАТО.
Но, ајде еве и да го занемариме сето тоа, да видиме кој највеќе ќе ползува од безвизниот режим? Тие што патуваа досега ќе патуваат пак, но тие што не патувале причината не е во визите, туку во финансиската состојба на луѓето. Дали сега кога немаме визи, секој може да си дозволи одмор во Италија или во Шпанија, па 80% од македонското население едвај собира средства за одмор во Охрид, Струга и Дојран, и неретко земаат кредити за да поминат 10дневен одмор, а да не зборувам за граѓаните кои работат во приватни фирми во кои одморот не постои, каде што одморот е нешто далечно...тоа е тоа...
Рамислете кои се придобивките на безвизниот режим, на кого му значи, дали некому ќе му ја подобри финансиската состојба, дали ќе отвори нови работни места или сите ќе бараат начин како да најдат работа во земјите од ЕУ? Ги очекуваме вашите коментари
Автор на текстот е ЛК СДММ Штип.