НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Активности

Под притисок откажана промоцијата во Аеродром

Во  текот на вчерашниот ден, со нејасно  и нелогично образложение од страна на сопственикот на објектот, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија беше известен дека се откажува промоцијата на програмата „Решенијата за Македонија“ закажана за денес, 08. 02. 2010 година во Општина Аеродром.

Со  оглед на тоа што промоцијата  беше откажана нецели 24 часа пред одржувањето, се сомневаме дека веројатно се работи за силен притисок врз угостителот со цел да се оневозможи обезбедување на простор за промоција на програмата и другите активности на СДСМ.  Потребно е да потенцираме дека со ваков тип на притисок се среќаваа и голем дел од сопственици на објекти и во другите општини низ Македонија каде досега се одвиваше промоцијата.

СДСМ ѝ порачува на власта на Груевски и ВМРО ДПМНЕ дека ваквиот тип на притисоци нема да го спречат Социјалдемократскиот сојуз во своите понатамошни активности и трибини каде отворено зборуваме за криминалните и корупциските скандали на оваа Влада.

Караванот продолжува понатаму, СДСМ секој ден  има сè повеќе членови,  промоциите се сè помасовни, поразот на владеењето со помош на стравот и притисоците е сè поблиску. 

Залудно се обидувате, нема да нè поколебате - ниту нас во СДСМ, ниту граѓаните на Република Македонија.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА

понеделник, 08 февруари 2010




СДСМ