НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Активности

СДСМ локално: Општина Струмица

Официјалната веб страна на СДСМ, www.sdsm.org.mk, продолжува со рубриката „СДСМ локално“ во која се дава отчет за стработеното и се информира јавноста за реализираните активности во општините каде градоначалниците се од редовите на СДСМ. Во прилог е извештајот за реализираните покрупни проекти и активности на Општина Струмица во текот на месец јануари 2010 година:

   

Општина Струмица отпочна со подготовките за наменско искористување на 585.000 евра грант од Европската унија за зафати во институциите од областа на образованието. Проектот опфаќа:

- довршување на новото крило во Средното општинско училиште „Јане Сандански“;

- комплетна промена на вратите и прозорците во СОУ „Јане Сандански“;

- промена на кровната конструкција, вратите и прозорците и екстерно уредување (фасада) на ОУ „Никола Вапцаров“ – Струмица;

- поставување комплетно нова инсталација за парно греење и реконструкција на кровната конструкција во ОУ „Кирил и Методиј“ во селото Дабиле.

Со целосна  реализација на овој проект ќе се овозможи подобрување на условите за работа и следење на наставата во овие училишта како и заштеда на енергија.

Уредување на Габровските водопади е проект кој е продолжение на досегашните активности на Општина Струмица за целосно ставање во функција на водопадите и нивно приближување до љубителите на природните убавини. За овој проект ќе бидат потрошени 1.319.900,00 денари од кои половината се обезбедени од Буџетот на Општина Струмица, а другата половина од Бирото за рамномерен регионален развој. Целта на овој проект е: развој на туризмот и збогатување на туристичката понуда  на Општина Струмица и економско заживување на селото Габрово.

Една  од проектните активности на Општина  Струмица е завршување на проектот: „Агро Берза“. Истиот предвидува изградба на водовод, фекална и атмосферска канализација до берзата, со што Локалната самоуправа го заокружува својот дел од ангажманите за инфраструктурна подготвеност на објектот. Проектот тежи 416.565,00 евра од кои 258.200,00 евра се грант од Европската Унија , од проектот за прегугранична соработка помегу Р.Македонија и Р.Бугарија , а останатите 158.365,00 евра ги обезбедува Општина Струмица. 

Активностите  во јануари за инфраструктурен развој на Општина Струмица ги одбележаа проектот „Пристапен пат“ од с.Добрејци до индуструската зона „Север“. За реализација на овој проект се обезбедени 737.393,00 денари. Педесет проценти од овие средства се од Агенцијата за поддршка на руралниот развој, а останатите  педесет посто, преку својот буџет ги обезбеди Општина Струмица. Придобивки од овој проект ќе имаат и граѓаните на Добрејци и стопанствениците кои имаат свои производни објекти во Индустриската зона „Север“.

Во првиот месец од 2010 година започнаа активностите за реализација  на еден од нагјолемите капитални проекти на Општината: „Гасификација на Струмица“. За таа цел градоначалникот Зоран Заев оствари средба со својот колега Градоначалникот на Општина Петрич ( Р. Бугарија ) Вељо Илиев, на која се разговараше за завршување на подготовките за изградба на базна станица за гасификација на Струмица на територијата на Р. Бугарија. Проектот за гасификација  со компресиран гас ќе чини 4.500.000 евра, а средствата ќе бидат обезбедени со задолжување на Општината кај Светската Банка. Високиот кредитен рејтинг на Општина Струмица е гаранција за добивање на ваков кредит со што Струмица ќе се гасифицира многу порано од другите региони во Македонија. 
 
Општина Струмица доби грант од Светската Банка во висина од 650.000 евра за изградба на Локален пат од Струмица до с. Попчево. Со реализација на овој проект ќе се овозможи рурален развој на с.Попчево но и подобар пристап за љубителите на ловот, риболовот и природата до местата за таа намена кои ги има во околината на ова село. 

Не секогаш  мора да се трошат општински пари за добар проект. Потребно е само издржана идеја и добра воља за соработка. Таков е проектот „ Струмичани за Струмица“ со кој е планирана реконструкција на фасадите на зградите во централното подрачје. Станува збор за фасади стари од 10 до 30 години, па и повеќе, кои ќе бидат обновени, без да биде потрошен ниту еден денар од општинскиот буџет. Најавувајќи го проектот преку прес конференција, Градоначалникот Заев ги повика сите градежни фирми од Струмица кои досега профитирале од проекти на општината, доброволно да се вклучат во реализацијата на овој проект.Повикот беше позитивно прифатен и веќе во наредните денови започнаа првите активности со обновување на фасадите. Во проектот ќе бидат вклучени 20 згради во центарот на Струмица, а целта е нивно вклопување во модерниот урбан амбиент на градот.

понеделник, 08 февруари 2010




СДСМ