НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Активности

Британски „Телеграф“ со потврда за владиниот криминал

Изјава, СДСМ
Јани Макрадули, пратеник
Скопје, 08.02.2010 година

Почитувани,
 
Во саботата, британскиот медиум Дејли телеграф, го потврди она што СДСМ го зборува од 2007 година досега. А, тоа е дека фирмата која победила на тендерот, не само што не ги исполнила условите од тендерот, туку е алатка за политичко пазарење.
 
Денес ќе ви дадам уште еден аргумент за каква инвестиција станува збор. 

Ова е  извод од централниот регистар во Лондон за фирмата HLH.

Во него се гледа дека во 2008 и 2009 година финансиската или било каква активност на оваа фирма е еднаква на НУЛА. Или во контекст на пишувањето на Дејли телеграф, фирмата на Никола Груевски и неговите пријатели од Скопје и Лондон е мртва фирма.

Никола  Груевски нема никакво право да се затскрива зад некакво наводно лобирање, зошто само политичар како него, смешно и надвор од секој памет, може да лобира кај опозицијата наместо кај власта во Англија. Односно во овој случај воопшто не станува збор за наводно лобирање за НАТО, туку единствено за владин криминал и корупција.

Дополнително, стана јасно дека Орце Камчев не е случајно избран да биде контактот  и спроведувачот на оваа операција. Напротив тој е мозокот на бизнис операциите на фамилијата.

Што се последиците  од оваа афера, која ја отвори СДСМ, а ја потврди Дејли Телеграф?

Македонија  денес остана и без НАТО и без атрактивно државно земјиште.

Единствено  вработениот во ОРКА стана сопственик на имот вреден милиони евра.

На крај, бидејќи оваа афера Дејли Телеграф ја обелодени како криминална, очекуваме  соодветна постапка од надлежните институции. И конечно, го прашуваме Никола Груевски колку чини оваа негативна реклама за странските инвестиции и водењето бизнис во Република Македонија?

понеделник, 08 февруари 2010




СДСМ