Закон за заштита од пушење.
- Дали се пуши во чајџилницте во турска чаршија ?
- Дали се пуши во кафулињата во Рамстор- Тетово ?
- Каде е забрането пушење на тараси кои што се покриени со тенди ? Ѓорчев најави промени ама никој не забележа дека кажа, летни бавчи кои што не се покриени, на што се мисли ??
Закон за сообраќај.
- Во која држава во европа на возачот му се пишува казна..пардон ГЛОБИЧКА ако совозачот е под дејство на алкохол ??? Замислете, одам на гости со сопругата и ако испијам две пива треба да седам назад...како криминалец кој го приведуваат.
- Во која држава во европа е со закон одредено(наредено) да мораш да дуваш и каде е 0.1. Знаат ли дека орагнизмот во зависност од храната произведува алкохол до 0.15 ???
Закон за јавен ред и мир.
- Не крчи после 23 часот да не го разбудиш комшијата, ама затоа некој ќе "пее" од минаре со озвучување 5.1 долби дигитал, 6 X 200 W , aма немале како да измерат колку db е.
Од останатите,
- не вари ракија
- не прави ајвар
- не прави скара
- не пери кола
- не пуши, не диши, не јади ноќе, не брчи со скинат ауспух(ни до мајстор)итн..затоа што ти си Македонија.
Се бираат најригорозните закони. Зошто ? Сакате европа а ? Епа еве ви. Кој е најлош закон за сообраќај, Ирскиот, е тој же го донесеме и така редум. Смислено нема што. Да каже човек, НЕ САКАМ ВО ЕВРОПА, поарно ми е вака.
Нека знае комитетот, нема Комитско ако ороводецот е Аспарух. К.П.Мисирков
Благородна Дулиќ од собраниската говорница рече: Вака ли ќе одите во ЕВРОПЕЈСКИОТ сојуз колеги од СДСМ.